Дац: Павле да си даде оставка! Како што е ред, нели?

Актерот Драган Спасов Дац по признанието на пратеникот Павле Богоевски за набавка на масло од канабис, на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка. Разговорот кој Богоевски го водел со засега непозната личност од која ја вршел набавката на маслото, најверојатно бил снимен од страна на таксист со кој се возел пратеникот.

-Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски! Како што е ред, нели, напиша Спасов Дац на својот Фејсук профил.

Спасов кратко време беше директор на Македонскиот народен театар, но по несреќниот настан кој се случи во Кисела Вода каде со својот автомобил, под дејство на алкохол удри 27 годишна девојка, си поднесе оставка.

Актерот во текот на изборната кампања за претседател, на една од трибините на премиерот Заев симболично му подари метла за најавените промени кои треба да ги спроведе кон функционерите поставени од актуелната власт.

Македонски Весник на Фејсбук

Жесток критичар на власта и опозицијата!