Максим Димитриевски: Исчистете го криминалот во корен или повлечете се!

Максим Димитриевски

Афера „Рекет“, интензивна истрага и експедитивна разрешница, побара кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска преку статус на својот профил на Фејсбук.

„Доволно е со делење на совети и памет, што треба да се направи, ги држите позициите, имате одговорност, работете и исчистете го криминалот во корен без исклучок или повлечете се и оставете простор на професионалците да сработат.
Оваа анатема дека ‘сите сме исти’ мора да се демантира пред граѓаните со дела и доказ, бидејќи сме многу различни.

Целава сторија им остави простор на злосторниците да се трансформираат во жртви и борци против криминалот, едноставно одговорност мора да има за сите“, напиша Димитриевски.

loading...
SHARE