Кривична пријава за малолетник од Берово: 15 годишно девојче му пратило експлицитни фотографии

Малолетник од беровско село заработи кривична пријава, откако испратени фотографии од 15-годишно девојче ги прикажувал на своите другари.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 16-годишник од беровско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на малолетник“. Во текот на март 2019 година 15-годишно девојче на пријавениот, преку мобилен телефон, му испратило фотографии со експлицитна содржина, по што тој ги прикажал фотографиите на повеќе негови другари“, велат од МВР.

Извор: fokus.mk

SHARE